ДУИ очекува по посетата на Генералниот секретар на ОН на Македонија, Бан Ки Мун, преговорите за надминување на спорот да се интензивираат и очекува дека сите политички субјекти во државата ќе ги искористат овие заложби.
„Треба да се прифати од сите засегнати страни во Македонија, а посебно од сите политички субјекти, оваа искажана добра волја за личен ангажман на генералниот секретар на ОН, и да се искористи за целосно и што побрзо изнаоѓање на конечно решение на спорот за името“,изјави Талат Џафери од ДУИ, по обраќањето на Генералниот секретар од говорницата.
За ДПА, делот од обраќањето, кој се однесуваше на рзвојот на мултиетничкото општество, остава простор за потенцирање на реалноста која, изјави Зијадин Села, во меѓуетничките односи во Македонија стои поинаку.
„Не е направено ништо друго, туку тие измени на Уставот што се направија преку Охридскиот рамковен договор се вратија уште 20 години назад“,рече Зијадин Села.