По повод националниот празник, 11-ти октомври, денеска во 11 часот ќе започне церемонијата за полагање на свежо цвеќе на повеќе спомен облежја во Република Македонија.
Како што најави МВР на Спомен Костурница во Куманово ќе присуствува министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, заедно со заменикот министер за култура, Драган Недељковиќ и заменикот министер за труд и социјална политика, Ибраим Ибраими.
На истото место цвеќе ќе положи и општинската делегација, претставници на јавни претпријатија, училишта, невладини организации, граѓани.
Елена Георгиевска