Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) денеска ги критикуваше претседателските избори одржани во Азербејџан на 9. октомври, наведувајќи голем број проблеми како што се ограничување на слободата на изразување, собирање и здружување што не овозможило еднакви услови за претседателските кандидати.
ОБСЕ во соопштението наведува дека изборната кампања минала со заплашување кандидати и гласачи, како и во рестриктивно медиусмко опкружување. Во извештајот, меѓу другото, се наведува дека се регистрирани голем број проблеми и на денот на гласањето, како и дека Азербејџан не ги исполнил во целост гаранциите дадени пред ОБСЕ за одржување на фер и демократски избори.
– Многу сум задоволен од добрата организација на изборите и големиот број кандидати, како и мирната атмосфера на денот на изборите, изјави Мишел Воазан, специјалниот координатор што раководи со набљудувачката мисија на ОБСЕ на изборите во Азербејџан, додавајќи дека постоеле нерегуларности при пребројувањето на гласовите.
Изборната комисија во средата објави дека Алиев освоил 85 отсто од гласовите, а неговиот најблизок ривал Џамил Хасанли шест проценти.