Македонија одбележува 72 години од почетокот на антифашистичкото востание и НОВ

Од:

Република Македонија утре одбележува 72 години од почетокот на антифашистичкото востание и народноослободителната војна.

На 11. Октомври 1941 борците од Првиот прилепски партизански одред го нападнаа бугарскиот полициски участок и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп, што го означи почетокот на организираното востание на македонскиот народ против бугарскиот, италијанскиот и германскиот окупатор за  ослободување на земјата. Следниот ден, на 12 октомври, се огласија и партизаните од Кумановскиот одред.

11. Октомври е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна.

Со одлуката да пристапи кон антифашистичката коалиција Македонија застана на страната на прогресивното човештво, а против фашизмот како најтемна идеологија од современата историја и најсилна негација на општоцивилизациските и демократски вредности.

Од првите партизански одреди кои ја почнаа борбата, Народноослободителната војска на Македонија на крајот од четиригодишната војна прерасна во доброорганизирана 110-илјадна армија со воени формации од највиок ранг како корпуси и дивизии.

За време на окупацијата од Македонија беа интернирани 58.000 лица, а покрај злосторствата што окупаторите ги вршеа врз недолжното цивилно население, земјата претрпе и огромни економски штети. Круна на борбата се одлуките на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, со кои се оживотворени повеќевековните идеали за основање македонска држава.

Минувајќи го патот на својот повеќедецениски развој и растеж како дел од СФРЈ, а 20 години како самостојна држава, пребродувајќи го конфликтот во 2001 година и од него произлезениот Рамковен договор, Македонија, која е полноправна членка на Обединетите нации, денес е на патот кон евроатлантските интеграции, кои засега се блокирани одн Грција, која не го прифаќа нашето уставно име.

Седумдесет и втората годишнина од македонското народно востание вечер ќе биде одбележана со свечена академија во новиот објект на Македонскиот народен театар, на која ќе се обрати претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.

Во Собранието  утре ќе им биде врачена државната награда „11 Октомври“ на годинашните добитници – економистот и дипломат Срѓан Керим за животно дело во областа на науката и образованието, на ликовниот уметник Решат Амети за животно дело во областа на културата и уметноста и на новинарот и публицист Драгослав Аргировски  за животно дело во областа  новинарството и публицистиката.

По повод празникот, бројни делегации утре ќе положат цвеќе на спомениците и паметниците на народните херои.

Би можело да ве интересира

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска

Денот на сесловенските просветители неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска

Националниот ден на Власите, 23 мај – неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница

Ана Ололовска

Првиот ден на Рамазан Бајрам неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска