Повторно гори над Струмица

Од:

Падините над Струмица повторно се во пламен. Како што пренесува струмичката ТВ станица Вис на истото место каде што во огнена стихија двајца браќа загинаа, а 14 беа повредени, повторно се разгоре пожар.

Гори на две локации. Екипи на противпожарната служба од 11:30 часот се на терен и се обидуваат да го локализираат повторно активираниот пожар.

Командирот на ТППЕ, Мијалче Крстев вели дека се сомнева дека пожарите се подметнати зашто дежурни екипи до 10 часот утрово не забележале активен оган на теренот.

Градоначалникот на Струмица Заев вели дека поднел барање до Дирекцијата за заштита и спасување за гасење на пожарот од воздух со авиони, зашто теренот е непристапен, односно таму може да се стигне индивидуално, а не со цистерни и очекува реакција. На местото на случувањето се распоредени сили на противпожарните единици и од Македонски шуми.

Пожарот, според Центарот за управување со кризи е пријавен во 11.30 часот. Оттаму велат дека ќе биде пратена воздушна поддршка за гасење на пожарот.

 

Би можело да ве интересира

Најмалку осум лица загинаа во пожар во трговски центар во Техеран

(ВИДЕО) Голем пожар во Дубаи, гори зграда во изградба

Пожарот во Визбегово се уште е активен

Пожар во Визбегово, интервенираат скопските пожарникари

Катерина Ѓуровски

Голем пожар во Романија: Изгореа 32 домови, 300 жители се експресно евакиурани

Горан Наумовски

Пожар зафати 5.000 хектари шума, изгореа 50 куќи