На Балканот Словенците користат најмногу интернет, а најмалку Турците

Од:

На Балканот интернет се користи најмногу во Словенија, која се наоѓа на 42-то место во светот по број на корисници според бројот на население, а најмалку во Турција, која е на 83-то место, според извештајот на глобалната Броудбенд комисија за дигитален развој.

На Балканот на второ место по Словенија е Босна и Херцеговина, која во светски рамки се наоѓа 45-то место. Потоа следуваат Македонија, на 49-то место, Хрватска на 50-то, Црна Гора на 58 и Грција на 59-то место во светот.

Бугарија е на 62-то место во светот, по која следуваат Албанија, на 65-то, Србија на 75-то и Турција на 83-то место. Лидерското место во светот припаѓа на Исланд, каде околу 96 отсто од населението редовно користи интернет. И покрај високиот развој на глобалната мрежа, над 90 отсто од населението во 49 најслабо развиени земји во светот воопшто немаат пристап до интернет, покажува извештајот на комисијата.

Би можело да ве интересира

Севернокорејските војници распоредени во Русија станаа зависни од интернет

Горан Наумовски

Македонија има најбрз интернет во регионот

ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“

А1он

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески

Ковачевски: Во Северна Македонија 83 отсто од домаќинставата имаат пристап до широкопојасен интернет

Горан Наумовски