Десет вагона со муниција изгореа во пожар во воен воз во Сибир

Од:

Пожар утринава избувна во воен воз што превезувал боева муниција, на 100 километри од рускиот град Новосибирск.

Нема жртви и разурнувања, но изгорени се 10 вагони со 30-милиметарски гранати, пренесоа руските медиуми, повикувајќи се на Министерството за одбрана во Москва.

Според првичните податоци, причина за инцидентот е оштетување на системот со сопирачки на возот, што предизвикало прегрејување, соопшти полковник Јарослав Рошчупкин, помошник командант на војската во рускиот Централен воен округ.

Муницијата требало да се употреби на полигонот „Јурга“, во Кемеровската област, во западен Сибир, прецизира тој.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот