Работилница на ДЛУМ „Што помни телото?“

Од:

Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ) по повод претстојната биенална изложба „Зимски салон“, која годинава е на тема „Тело што помни“, вечер во Дом на АРМ ќе организира работилница „Што помни телото?“.

– Преку презентација на релевантниот визуелен материјал и експликацијата на дадената тема, ќе бидат разгледани нејзините модалитети и аспекти кои  можат да придонесат кон подобро толкување на некои од значајните теми во уметноста денес и приклучување кон актуелните текови на современата мисла и современите актуелни стремежи во ликовната уметност, но и во концептуалната уметност, дигиталните медиуми, перформанс, акција, акционизам, настан, случување (хепенинг), паратеатар, инсталација, видео, бодиарт итн, информира ДЛУМ.

Работилницата ќе ја води Емил Алексиев, историчар на уметноста и селектор на „Зимскиот салон“.

Би можело да ве интересира

Скопски урбани приказни – во 5 и 17

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска