На својот Фејсбук профил, братот на убиениот Мартин Нешкоски, Александар излезе со тврдење дека сопругот на Весна Билбиловска, која доби работа на лотариското вработување, Влајко е сведок во судскиот процес кој се води за убиството на Мартин, ноќта на прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ во 2011 година.
Александар напишал дека Влајко Билбиловски бил сведок како вработен во МЕПСО.
„Од тука натака сами видете дали власта сака да се расчистат убиствата и казнат сторителите или нешто друго“, пишува на Фејсбук профилот на братот на Мартин Нешкоски.