Кондарко: Не обвинив никого за Избирачкиот список

Од:

Како претседател на Државната изборна комисија, Борис Кондарко во денешната реакција тврди дека во неговото вчерашно соопштение до медиумите не обвинил никого за попречување на активностите за Избирачкиот список.

– Не е точно дека мојата вчерашна реакција била испратена во името на ДИК, туку истата беше дадена во мое име, како претседател на ДИК што потоа во дел од медиумите, вклучувајќи го и јавниот сервис на МТВ беше коректно пренесена, стои во соопштението од Кондарко.

Тој вели дека не посочил оти некој ја опструира работата како што наведуваат дел од неговите колеги, туку потенцирал дека дури и да сака не би бил во можност на кој било начин да ја кочи работата, бидејќи членовите на ДИК од власта имаат мнозинство и во колективен орган како што е ДИК можат да иницираат свикување седници, расправи и да одлучуваат со мнозинство гласови, независно од ставот на претседателот на ДИК.

– Потенцирам дека во моментот ДИК преку експертите на ОБСЕ работи на прашања поврзани со проверката на Избирачкиот список. Ме радува што во реакцијата на колегите се потврдува дека Работната група за проверка на Избирачкиот список функционира, вели Кондарко.

Тој додава оти Државниот завод за статистика се уште не ги има доставено податоците од редовното годишно ажурирање на Избирачкиот список од јули 2013 година за што истиот е се уште надлежен, бидејќи ДИК ја нема преземено во целост обработката на податоците во Избирачкиот список согласно член 194 став 2 од Изборниот законик.

– Ова се потврди и на последниот состанок на Работната група одржан на 19.09.2013 година на кој иако уредно беа поканети не присуствуваа претставници на ВМРО-ДПМНЕ, стои во соопштението од Кондарко.

Би можело да ве интересира

Левичарските партии во Франција заедно излегуваат на избори против Макрон и Ле Пен

Макрон го распушти собранието и распиша избори за 30 јуни

A1on

Борисов со убедливо водство на изборите во Бугарија

A1on

„Галуп“ предвидува победа на ГЕРБ на изборите во Бугарија

A1on

Првична поекција на изборните резултати за Европскиот парламент: Либералите и Зелените во минус

A1on

Во Словачка се отворени избирачките места за изборите за Европскиот парламент