Средба Ахмети – Тимерманс

Од:

Претседателот на Демократскат унија за интеграција Али Ахмети во рамки на посетата на повеќе европски земји денеска се сретна со министерот за надворешни работи на Холандија Франс Тимерманс, кој изрази поддршката за евроатланските интеграции на Република Македонија.

ДУИ соопшти дека „Тимерманс изразил поддршката за евроатланските интеграции на Република Македонија и го искнал  значењето на Ахмети за  стабилноста на земјата и градењето на здрави меѓуетнички односи“. Ахмети го истакнал придонесот на Холандија за вопоставување на мирот и изградбата на демократски институции во Македонија и регионот.

Посочувајќи на придонесот што ја дала Холандија за постигнувањето на Охридскиот договор, како и во периодот по постигнувањето на мирот, Ахмети изразил загриженост што сите овие големи достигнувања постигнати со партнерство со меѓународната заедница се загрозуваат со доцнењото на зачленување на Македонија во НАТО и ЕУ.

– Доцнењата може да влијаат, исто така, и во квалитетот и динамиката на реформите очекувани од ЕУ. Затоа, како што заеднички ги градевме мирот и стабилноста во Македонија и регионот, заеднички, со помошта на Брисел, Вашингтон и земјите членки на ЕУ, ќе треба да ја решиме сериозната  пречка која што ја држи во заложништво евроатлантската иднина на Македонија. Тоа може да се постигне само преку поактивното вклучување на ЕУ и пријателските земји како Холандија, стои во соопштението.

Министерот Тимерманс ја истакнал безрезервната поддршка на Холандија за интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ и ги поттикна страните за што е можно поскоро постигнување на компромис меѓу Македонија и Грција. Тимерманс ја нагласил потребата од продолжување на интегративните политики, политиките за помирување, а не на националистичките политики.

Тој најавил дека ќе ги контактира неговите колеги во ЕУ и дека ќе говори за потребата да се реши спорот за името и блокадата на Македонија на најдобар можен начин како дел од европската агенда за проширување. Но, истовремено ја нагласил потребата страните да изразат политичка волја за постигнување компромис, како и да се интензивираат напорите за решение.

Тимерманс исто така искажал и загриженост за слободата на изразување и  на медиумите во Македонија, соопшти ДУИ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Како семејниот клан на Изет Меџити го пустоши МЕПСО преку активисти на ВЛЕН

ДУИ: Бараме итна истрага за Бурим Латифи за штетата од шест милиони евра во МЕПСО

За ДУИ, владата на Мицкоски е неспособна, антиалбанска, антиевропска и последниот руски прокси во регионот

Мерко им се налути на Ахмети и ДУИ, не го бранеле како Беџети и Дехари

ДУИ: Пад од 61 отсто на странските директни инвестиции во 2025 година во споредба со 2024 година

Предраг Петровиќ

ДУИ: Во обид за пропаганда, пратеник на ВРЕДИ сам откри дека Владата го крши Законот за јазиците