Повеќе од четири милиони луѓе се погодени од тајфунот Фитоу, во налет во источните кинески провинции Фуџиан и Зеџианг.
Најмалку петмина загинаа, а четворица се водат за исчезнати, а околу еден милион луѓе се евакуирани поради обилните дождови и силниот ветер.
Фитоу, кој е 23 тајфун во сезоната, разурна стотици куќи во двете провинции. Штетата од тајфунот се проценува на 2,28 милијарди јуани (160 милиони долари).