За денеска планираните заеднички маневри на военопоморските сили на САД, Јужна Кореја и Јапонија крај Корејскиот полуостров, се одложени заради приближување на моќниот тајфун „Данас“, соопшти портпаролот на штабот на јужнокорејските военопоморски сили.
-Во моментов се спроведуваат консултации за да се донесе одлуката за одложување или целосно откажување од тридневните маневри, прецизира изворот.
Според синоптичките прогнози, тајфунот „Данас“ утре ќе удри врз јужните делови на Корејскиот полуостров.
На вежбите требаше да учествуваат нуклеарниот носач на авиони од Седмата американска флота „Џорџ Вашингтон“, како и јужнокорејски и јапонски ескадронски миноносачи, снабдени со противракетниот систем „Иџис“.
Претходно денеска Северна Кореја соошти дека нејзината армија е ставена во состојба на зголемена борбена готовност во врска со планираните заеднички маневри во Јапонско море.