Лидерот на ДУИ во посета на Холандија

Од:

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети денеска во Хаг се сретна со политичкиот директор на холандското Министерство за одбрана, Ауке Венема и со военото аташе за Македонија, Јан Вилен Де Волф.

Венема, соопшти ДУИ, ја изрази целосната холандска поддршка за интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ, како и охрабрувањето за што е можно поскоро решавање на прашањето со името.

Ахмети се заблагодари за ангажираноста на холандските дипломати во градењето на демократски институции, мирот и стабилноста во земјата. Тој истакна дека сите досегашни достигнување се заеднички во соработка со меѓународната заедница посебно во декадата по Охридскиот Договор.

– Токму тие достигнувања можат да се дополнат само со интегрирањето на земјата во евроатлантските институции и затоа нашите пријатели, како Холандија и другите земји на ЕУ, треба да ги продолжат напорите кон надминување на сите пречки што ни го оневозможуваат овој пат и ги ризикуваат досегашните постигнувања, изјави Ахмети.

Ахмети, стои во соопштението од ДУИ, побара Холандија да се вклучи во решавањето на спорот со Грција со цел Западниот Балкан биде конечно целосно мирен и стабилен.

Тој утре во Хаг ќе се сретне со холандскиот министер за надворешни работи Франс Тимерманс, како и со членови на парламентарните комисии за надворешни работи и за европски прашања.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче