Шампионот Баерн Минхен по завршувањето на 8.коло од Бундес лигата, се најде на чело на табелата, а тоа беше прославено на традиционалната манифестација „Октоберфест“ каде играчите предводени од тренерот Пеп Гвардиола наздравија со кригла пиво.
На најголемиот фестивал на пивото во светот, шпанскиот фудбалски стручњак носеше „баварска носија“ и уживаше во вкусовите на германските пива, колбаси и переци.
Баерн Минхен викендов одигра само 1:1 на гостувањето кај Баер во Леверкузен, но најголемиот конкурент за врвот, екипата на Борусија Дортмунд изгуби, што беше доволно за првпат од почетокот на сезоната „Баварците“ да бидат на водечката позиција.