Увоз на суровини без царина, бара конзервната индустрија

Од:

Слободен увоз на суровина преку целата година наместо оптоварувања со царини и прелевмани, бараат компаниите од конзервната индустрија.

Како што беше речено денеска на прес-конференција во Стопанската комора, моментно, иако производството и увозот бележат позитивен тренд, искористеноста на капацитетите за преработка на овошје и зеленчук е само 35 отсто.

– Суровината е проблем подолго време. Царината за увоз на домат и пипер е 45 проценти, а на оваа сума се плаќаат дополнителни 0,12 евра за килограм прелевмани што е неисплатливо за нашите фирми, истакна Васко Ристовски од Комората.

Потенцијални земји за увоз на суровина се источните, Сирија, Египет, Турција, Мароко.

Има најави годинава да се реализира интервентен увоз на суровина, но, тоа, сметаат компаниите, не е решение зашто е еднократко и бирократски трае многу.

Во македонската конзервна индустрија работат преку 40 компании со околу 1.200 вработени. Од нив 22 преработуваат само зеленчук, четири овошје, а 17 имаат комбинирани линии.

Првите седум месеци од годинава се извезени 15.100 тони преработки што е 10,2 отсто повеќе во однос на истиот период лани и е остварен девизен прилив од 24,6 милиони долари со раст од 13,4 проценти.

Би можело да ве интересира

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Спречен шверц на копачки, парфеми и облека

Спречен шверц на брендирани производи, цигари и девизи