Без победник 1:1 заврши натпреварот во Леверкузен меѓу домашниот Баер и шампионот Баерн Минхен со кој беше затворена саботната програма од 8. коло во Бундес лигата.
Македонскиот фудбалски репрезентативец Николче Новески му донесе бод на својот клуб Мајнц, откако го постигна изедначувачкиот гол во последната минута од натпреварот на дуелот против Хофенхајм и ги постави конечните 2:2.
На другите денешни натпревари од овој круг во Германското фудбалско првенство постигнати се следниве резултати: Шалке – Аугсбург 4:1, Борусија Менхенгладбах – Борусија Дортмунд 2:0, Штутгарт – Вердер 1:1 и Волфсбург – Ајнтрахт Брауншвајгер 0:2.
Последните два дуела од осмиот круг во Бундес лигата се играат утре: Нирнберг – Хамбургер и Фрајбург – Ајнтрахт Франкфурт.
Табела: Баерн Минхен 20 бодови, Борусија Дортмунд 19, Баер Леверкузен 19, Борусија Менхенгладбах 13, Хановер 13, Херта 12,…