Претседател на Еквадор: Реотриката на Обама е нацистичка

Од:

Претседателот на Еквадор, Рафаел Кореа остро ја критикуваше реториката на САД, истакнувајќи дека изјавите на неговиот колега Барак Обама за американската посебност потсетуваат на нацистите и нивните идеали.

Наведувајќи дека Обама истакна дека Америка е исклучителна, бидејќи ги брани не само своите интереси, туку на сите, Кореа во едно интервју се запраша зарем ова не потсетува на реториката на нацистите пред и во текот на Втората светска војна.

-Тие себе си се сметаа за изберена раса, супериорна и т.н. Таквите зборови и идеали се исклучилтелно опасни-рече претседателот на Еквадор.

Тој наведе дека САД ќе продолжат да ги кршат суверенитетите на останатите држави, но дека тоа на крај ќе мора да престане.

-Она што го напиша Платон пред нешто повеќе од 2.000 години е точно. Правдата не е ништо друго, освен предност на посилниот. Тие се силни, затоа ќе продолжат да лажат, да ги кршат суверенитетите на останатите држави и меѓународното право. Но еден ден овој неправеден свет ќе мора да се промени-порача Кореа.

Тој истакна дека седиштето на ОН секако треба да се премести од САД, но нагласи дека има многу поважи работи, наведувајќи го како пример тоа што седиштето на Американската конвенција за човекови права се наоѓа во Вашингтон, а САД се уште не ја ратификуваа Американската конвенција за човекови права.

-Тоа е невидено и претставува пример за понижувачкиот однос кој САД го имаат кон сите држави во развој-оцени Кореа.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Обама со гестови го исмејуваше Трамп: „Тој е опседнат со величината“

(ВИДЕО) Мишел и Барак Обама ја поддржаа Камала Харис: „Ни се враќа надежта“

Според Обама, Путин се однесува на нов „непромислен“ начин

А1он

Бајден и Обама ќе се обратат за успесите и новините околу законот за достапно здравство

А1он

Обама е заразен со коронавирус

Ана Ололовска

Обама и се заблагодари на Меркел што ја држеше ЕУ заедно

А1он