Општина Кочани донесе одлука за формирање заедничко Јавно претпријатие со општина Пробиштип што ќе се вика „Пониква“.
Во него подеднакво ќе партиципираат и двете општини, а седиштето ќе биде во Кочани. Директорот ќе го избира градоначалникот на Кочани со предходна согласност на неговиот колега од Пробиштип.
– Претпријатието ќе има десетина надлежности – собирање, обработка и снабдување со вода, отстранување на отпадните води, собирање и изнесување на безопасен одпад, како и организирање на престојот во хотели, одморалишта и други обкјекти, усгостителска дејност, изнајмување на опрема за рекреација и спорт. МЕПСО ја изгради сноу борд патеката со придружните објекти и инвентарот, кои исто така ќе влезат во состав на заедничкото претприојатие, изјави градоначалникот на Кочани Ратко Димитровски.
Одлука за формирање заедничко Јавно претпријатие деновиве се очекува да донесе и општината Пробиштип.