Починаа двајца браќа од повредените во пожарот во Струмица

Од:

Починаа двајца браќа од четирите лица тешко повредени во пожарите во Струмица. Повредените со големи изгореници по телото им подлегнале на повредите и починале пладнево во Градската болница.

Педесетгодишниот вработен на „Шумско стопанство“ повреден во пожарот што вчера избувна во близина на Струмица пред половина час починал на Центарот за изгореници во Градската болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

Починатиот Б.С. е роден 1962 година и е од струмичкото село Рич. Тој заедно со своите колеги вчера се обидувале да го стават под контрола пожарот кај месноста Чамчифлик.

Неговиот 45- годишен брат П.С. почина веднаш по него кој беше во тешка состојба со изгореници од над 90% по телото од трет и четврти степен.

Во пожарот беа повредени луѓето кои биле дел од обезбедувањето на шумите и биле ангажирани во гаснењето. Најмладиот повреден е детенце кое си играло во близина на шумата.

Детето повеќе не е витално загрозено и се наоѓа во добра здравствена состојба, со изгореници од втор степен.

Во пожарот настрадаа 14 луѓе. Останатите десет се хоспитализирани во Струмичката болница и тие се наоѓаат надвор од животна опасност. Од Центарот за управување со кризи соопштија дека пожарот кој изби вчера попладне во Струмица и уништи 50 хектари борова шума е предизвикан од човечки фактор.

Би можело да ве интересира

Полицајци спасија повреден припадник на АРМ на линија на пожар

Гори голема површина во селата Облавце, Бељаковце, Стрезовце и Руѓинце, пожарот се шири кон Сув Ора

Горан Наумовски

Активни се 12 пожари, пет се ставени под контрола

Гори борова шума во кривопаланечко, пожарот се прошири кон Србија

Горан Наумовски

Во Албанија е прогласена вонредна состојба поради пожари, туристите се евакуирани

Беснее пожарот во Националниот парк „Преспа“, тешко оди неговото локализирање