Ордановски: Црвенковски ќе биде уапсен во ноември

Од:

На почетокот на ноември власта ќе го уапси Бранко Црвенковски. Ова го тврди политичкиот аналитичар Сашо Ордановски, според кого полициската акција ќе се случи во ноември, по есенскиот извештај на Европската Комисија.

-Она што го спрема власта мислам дека е една проста операција која што наскоро ќе ја видиме. Мислам дека ВМРО- ДПМНЕ чека да помине октомврискиот извештај од Европската комисија кој што ќе биде позитивен и ќе видиме како ќе помине. Во него ќе има една доза на критика која што ќе биде тешко да се препознае освен ако не сте експерт за дипломатија.

-Некаде на почетокот на ноември мислам дека власта бидејќи теренот е сосема подготвен ќе се одлучи да го уапси Бранко Црвенковски. Тоа ќе го направи како дел од акцијата „Шпиун“ бидејќи таму веќе се фрлени сите аргументации дека прво тие шпиунирале за Грција, второ дел од извештаите ги давале на висок бивши политичар. И дека нивниот круг е таков што  тоа ќе биде лесно бидејќи е таа една заматена заврзлама во целата таа акција на апсење, ќе биде лесно да се докаже дека на некој начин Бранко Црвенковски бил поврзан со овие „шпиуни“ .а тој и така нели е предавник во однос на грчката тема, и ќе биде многу згодно, рече Ордановски на денешната стучна дискусија „Кризата на демократскиот модел, граѓанските партии и социјалдемократијата и растот на популистичката десница“.

Ордановски смета дека сегашната пропаганда насочена кон Шеќеринска и Заев е дел од замисленото сценарио на власта.

„Планот на ВМРО е да го пренасочат СДСМ од овој тип на голема сопствена реформа на негово големо промислување на сопствената позиција, и ќе го фрлат повторно да избере дали сака да оди на улица и да почне да протестира (за да на еден или друг начин го одбрани Бранко) или сака комплетно да се откаже од Бранко што потоа ќе донесе друг тип на проблеми бидејќи Бранко реално е дел од историјатот на партијата.

Тоа за власта ќе вин вин ситуација. СДСМ нема да има што да прави, ќе мора да заборави на се со што се занимавала на среднорочен и долгорочен план, на анализите и ќе мора да се фрли повторно на некаков облик на улични пресконференции“.

Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он

ЗНАМ: Квази социјалдемократот Филипче е еден од најодговорните за состојбата во СДСМ

А1он