Негативни температури до минус пет утрово се регистрирани во Берово. Под нулата утрово било и во Крива Паланка, Лазарополе и Маврово со мину три, и минус еден степен во Штип и Виница.
Во Скопје утрово е измерена температура од 0 степени.
Како што соопштуваат од Управата за хидрометеролошки работи и утре се очекуваат утрински температури под нулата, а во текот на денот сончево со слаб ветер од јужен правец.
Денеска времето во земјава ќе биде сончево со слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе се движи од 12 до 18 степени.