Зеленски: Украина нема да ги признае окупираните територии

Од:

Претседателот на Краина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека Украина нема да ги признае териториите окупирани од Русија и нема да се согласи да ја намали својата војска за време на претстојните преговори за ставање крај на војната.

„Наш приоритет е нашата силна армија. Значи, ова е црвена линија за нас – нема намалување на бројот на нашата армија. Да бидам искрен, ќе направиме се за да ја задржиме армијата во состојбата во која е денес. Голема армија, три пати поголема отколку што беше на почетокот на војната“, рече тој на средбата со лидерите на територијалните заедници на Чернихив во работната посета на регионот, за време на работната посета на регионот.

Зеленски, исто така, истакна дека приоритетната „црвена линија“ на Украина во идните мировни преговори ќе биде непризнавањето на териториите окупирани од Русија.

„Друго геополитичко прашање е непризнавањето на какви било територии окупирани од Русија. Тоа се украински територии, ова е една од најважните црвени линии за нас. Во секој случај, тоа се привремено окупирани територии“, нагласи украинскиот лидер, пренесува Укринформ.

Тој рече и дека праведен мир ќе дојде кога ќе се вратат сите територии.

Би можело да ве интересира

Сибиха: Украина нема да и отстапи територија на Русија

Сибиха: Еден ден војна ја чини Украина 450 милиони долари

Горан Наумовски

„Фајненшл тајмс“: Путин го планира својот последен удар

Горан Наумовски

Зеленски ја повика Москва на траен прекин на огнот

ОН: Најмалку 70 цивили убиени, повеќе од 500 повредени во Украина од почетокот на мај

Неколку згради се оштетени во руски напад на Киев