Европа подготвува контрамерки за американските царини

Од:

Земјите-членки на Европската Унија во среда, на 9 април, треба да гласаат за контрамерки на американските царини за челик и алуминиум.

Ова денеска го изјави висок функционер на ЕУ.

Овој предлог на Комисијата ќе биде усвоен доколку не се спротивстави квалификувано мнозинство од 15 земји-членки кои претставуваат 65 отсто од населението на ЕУ, пренесува Ројтерс.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен претходно денеска остро ги критикуваше новите американски царини и најави дека ЕУ веќе подготвува контрамерки.

„Европа е во завршна фаза на првиот пакет мерки како одговор на првите царини за челик, а ние подготвуваме дополнителни мерки доколку преговорите не дадат резултати“, изјави Фон дер Лајен.

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе реципрочни царини на повеќе од 180 земји и територии ширум светот, вклучително и царина од 20 отсто за стоки увезени од ЕУ, пишува Телеграф, пишувајќи за Танјуг.

Би можело да ве интересира

САД ја отфрли идејата за операција за „фаќање“ на Путин

Азгади: Иран да примени „венецуелско сценарио“ кон Трамп

Трамп: Путин се плаши од САД, но не и од Европа

Трамп: Внимателно ја следиме ситуацијата во Иран, подготвени сме за силна реакција

(ВИДЕО) Трамп: Данците пристигнаа со брод на Гренланд пред 500 години, тоа не значи дека е нивен

Горан Наумовски

Трамп: САД ја презедоа венецуелската нафта за да ги сопрат Кина и Русија