Шукова: Еколошка катастрофа и труење на реките, храната под ризик

Од:

Се што се продава на пазарите во Скопје, Куманово, Паланка Велес и другите градови, се наводнува од Вардар, Пчиња, Крива Река и другите реки од тој слив. Излевањето на цијанид и други опасни материјали во Крива Река може да биде една од најголемите еколошки катастрофи во поновата историја. Излевањето на високо отровни материи од рудникот Тораница резултираше со енормно загадување на Крива Река. Според независните анализи кои ги објави општината Крива Паланка и градоначалникот Сашко Митовски, концентрацијата на тешки метали, цијаниди и други токсични материи е десетици и стотици пати над дозволеното. Ова е огромна закана за живиот свет, за бунарите, за земјоделските површини, но и аларм итно да се направат анализи и во Пчиња и Вардар, рече Каја Шукова, потпретседателка на СДСМ

Инспекторатот за животна средина има огроман одговорност во овој случај и денес мора да се бара одговорсност од сите. Наместо да ја утврди вистината, Инспекторатот излезе со неосновано тврдење дека се излеала „само вода“. Доколку не се направеше независната анализа од општината Крива Паланка, заради овие паушални и очиглендо политички мотивирани тврдења на инспекторатот се ризикуваа животи!

СДСМ прашува – дали ова е случајно или некој свесно ја штити компанијата Булмак 2016? Дали државни органи, под раководство на кадри на ВМРО-ДПМНЕ, учествуваат во прикривање на еколошки криминал? Дали тоа што Тони Тоневски, директорот на Булмак е истакнат партиски кадар на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен градоначалник од нивните редови е причината за криење на вистината?

Овој сомнеж го подгрева и пратеникот Емил Спасовски од ДПМНЕ, кој наместо да застане на страната на граѓаните и нивната безбедност, ја политизираше целата ситуација. Наместо да бара одговорност, тој се обиде да го дискредитира градоначалникот на Крива Паланка и да ја релативизира хаваријата.

Затоа СДСМ денес јавно бара:

Темелна и итна истрага за целиот случај и утврдување кривична одговорност.

Итно испитување на сите реки и води кои се во допир со водите од Крива Река, вклучително и делови од Пчиња и Вардар. Потенцираме и укажуваме дека можеби храната која јадеме е под ризик.

Објава на сите инспекциски извештаи поврзани со рудникот Тораница.

Оставка од пратеникот Емил Спасовски, кој свесно ширеше дезинформации и ја минимизираше катастрофата.

Одземање на еколошката дозвола на Булмак 2016, поради сериозни и повторени прекршувања.

Доста беше молк. Доста беше заштита на бизнис интереси на штета на животната средина и здравјето на граѓаните. Државата мора да покаже капацитет – или ќе има правда, или ќе има соучесништво.

СДСМ нема да дозволи овој случај да помине тивко. Ќе бараме одговорност – до крај, рече Шукова.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата на ВМРО-ДПМНЕ свесно лажеше и остави луѓе да се трујат

Алиу: Продолжуваме со инвестиции во здравството – надградба на хибридната сала на Клиника за државна кардиохирургија, единствена од ваков тип во државата и регионот

Мицкоски: Кога светски експерт како Кедев кажува нешто, мора да има позадина – целосно ќе се проверат сите индиции, одговорност ќе има

Мицкоски: Од 1 октомври покачување на пензиите, следното зголемување напролет

Предраг Петровиќ

Меморандум за соработка помеѓу Општина Куманово и Хуманитарно здружение “Мајка”

Левица бара итна мерка од Уставниот суд против забраната за платено политичко рекламирање