Фараж со апел до Трамп: Путин не смее да победи

Од:

Лидерот на британската реформска партија Најџел Фараж изјави дека рускиот претседател Владимир Путин добива „премногу“ од преговорите што ги водат САД за ставање крај на војната меѓу Украина и Русија.

Фараж, кој претходно го пофали американскиот претседател Доналд Трамп, предупреди дека конечниот исход од преговорите за Украина не смее да биде победа за рускиот претседател, објави Политико.

„Апсолутно е правилно да се стремиме кон мир, но не можеме да имаме мир што го претвора Путин во победник“, изјави Фараж за Би-Би-Си.

Фараж нагласува дека секој мировен договор за Украина мора да биде „фер“.

Тој долго го поддржуваше Трамп, присуствуваше на неговата инаугурација, се појавуваше на митинзите на Трамп, па дури и доби порака за 60-ти роденден од американскиот претседател.

Политико истакнува дека Фараж сега е под притисок бидејќи британската владејачка Лабуристичка партија се обидува да го прикаже како „мек кон Русија“ поради неговите претходни изјави дека НАТО и ЕУ го испровоцирале Путин да изврши инвазија на Украина.

Би можело да ве интересира

Сибиха: Веќе започнавме консултации со САД за новиот текст на договорот за ретки минерали

Анкета: Повеќе од 50 отсто од Украинците стравуваат од неправеден мир

Се огласи Трамп по пресудата за Марин Ле Пен: „Тоа звучи како да е во оваа земја“

Трамп: Сакам Путин да постигне договор со Украина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трамп се спореди со Ле Пен: Таа е водечки кандидат

Кремљ: Путин останува отворен за разговори со Трамп, тоа може да се случи многу наскоро