А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Свет

Русија: Треба привремена администрација во Украина под покровителство на ОН, САД или европските земји

by А1он28/03/2025 - 13:25787
Share0

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Украина може да биде ставена под некаква привремена администрација за да се овозможи одржување на избори и потпишување клучни договори за ставање крај на војната. Ројтерс јавува дека ова рано утринава го соопштија руските државни агенции.

Следете a1on на Instagram Instagram

Тој наведува дека Путин за време на говорот во најсеверното руско пристаниште Мурманск рекол и оти верува оти американскиот претседател Доналд Трамп, кој ги подобри односите на Вашингтон со Москва, искрено сака да се стави крај на конфликтот во Украина кој трае повеќе од три години.

Шефот на Кремљ рече дека Русија бележи постојан напредок кон постигнување на своите воени цели.

Британската агенција наведува дека коментарот на Путин за воведување привремена администрација се чини дека се однесува на поплаките што Москва ги упатува долго време дека украинските власти не се легитимен партнер во преговорите бидејќи претседателот Володимир Зеленски остана на власт и покрај истекот на неговиот мандат во мај 2024 година.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Тоа би се случило за да може да се одржат демократски избори и на власт да се донесе способна влада која ја ужива довербата на народот, а потоа со нив да започнат преговорите за мировен договор. Во принцип, се разбира, може да се воведе привремена администрација во Украина која би била под покровителство на ОН, САД, европските земји и нашите партнери. Тоа би се случило за да може да се одржат демократски избори и на власт да се донесе способна влада која ја ужива довербата на народот, а потоа со нив да започнат преговорите за мировен договор, рече Путин.

rusijaukraina

Би можело да ве интересира

Пристигна руската одмазда – масакр во Харковската област

Горан Наумовски18/08/2026 - 22:30

Лондон: Стоиме зад Украина и продолжуваме да испорачуваме опрема

Горан Наумовски18/08/2026 - 22:29

Лавров: Велика Британија е вклучена во нападите на руска територија

Горан Наумовски18/08/2026 - 21:27

Зеленски го претстави генералот Хмара, новиот човек задолжен за одбраната на Украина

Горан Наумовски18/08/2026 - 17:2518/08/2026 - 18:28

ВИДЕО: Русија и се заканува на Велика Британија

Катерина Ѓуровски18/08/2026 - 08:33

(ВИДЕО) Руска ракета падна во Молдавија – нема жртви

А1он17/08/2026 - 20:5517/08/2026 - 20:39
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео