(ВИДЕО) Најмалку 28 загинати и 37 повредени во пожарите во Јужна Кореја

Од:

Најмалку 28 лица загинаа, а 37 се повредени во шумските пожари што минатата недела ја зафатија провинцијата Северна Ѓеонгсанг во Јужна Кореја, соопшти тамошната агенција за управување со вонредни состојби.

Околу 38.000 луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови, објави Јонхап. Официјалните лица рекоа дека пожарите во покраината се 94 отсто локализирани и се очекува целосно да бидат изгаснати до крајот на денот.

Според Корејската шумска служба (КФС), од вкупно 928 километри пожарна линија, 871 километар се успешно изгаснати, додека пожарникарите се уште се борат со преостанатите 57 километри.

Во пожарите изгореа околу 48.000 хектари шума, што е околу 80 отсто од површината на Сеул и речиси двојно повеќе од 23.794 хектари уништени во пожарот во 2000 година, кој беше најголемиот во историјата на земјата до денес.

За да помогне во гаснењето на пожарите, војската денеска распореди дополнителни 1.000 војници и 49 хеликоптери, вклучително и четири американски хеликоптери од силите стационирани во Јужна Кореја.

Би можело да ве интересира

Голем пожар во Романија: Изгореа 32 домови, 300 жители се експресно евакиурани

Горан Наумовски

Пожар зафати 5.000 хектари шума, изгореа 50 куќи

Јужна Кореја: Се урнаа два авион на воздухопловните бидејќи пилотите се фотографираа

Изгаснат пожарот во Липковско

Пожарот кај „Глажња“ е сè уште активен, екипите продолжуваат со гаснење

Горан Наумовски

Пожар во станбена зграда во Констанца: Десетици се евакуирани, девет лица се во болница