Милановиќ: Каја Калас води опасна политика

Од:

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, кој е во официјална посета на Подгорица, го поддржа европскиот пат на Црна Гора и рече дека Европската унија не е држава, дека нејзините институции не се силни, дека се опседнати со Русија и дека се вооружуваат да се соочат со „големи неволји“, кои, како што истакнува, не ги гледа.

Милановиќ и неговиот домаќин, црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, денеска одржаа предавање пред студентите на Факултетот за политички науки во Подгорица, на кое шефот на хрватската држава порача дека „најголемото достигнување што можете да го имате е вашата земја“.

Тој рече дека „оние таму горе“ се опседнати со руската закана. „Од нешто што е илузија – станува заблуда. Се вооружуваат во исчекување на големи неволји. Не го гледам тоа и не сакам да се подготвувам за тоа“, рече Милановиќ, говорејќи на тема „Проширувањето на ЕУ како геополитички императив“.

На прашање на ученик дали може да се реши проблемот со училишниот брод „Јадран“, Милановиќ рече дека тоа не е извршна власт и дека не може да влијае на тоа, па затоа не сака да прави проблеми.

Сепак, додаде дека за Хрватска тој брод е нивен, а за Црна Гора избор е патот кон ЕУ.

-Ќе се договориме некогаш, некаде за „Јадран“. Имаме нерешени проблеми со Словенците, но одиме напред. Односите се добри“, оцени хрватскиот претседател.

Според него, границата е сериозна работа и не треба да се доживува како нешто што само постои.

Милановиќ вели дека високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Каја Калас „води опасна политика“.

Милановиќ рече и дека никој не ја избрал претседателката на Европската Kомисија Урсула фон дер Лајен на таа позиција.

– Германецот не треба да биде на чело на ЕУ, бидејќи прашањата се големи, а Германија е пресилна“, рече хрватскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Калас: Сите опции остануваат на маса доколку Израел не ги исполни своите ветувања

Калас: Ако ЕУ плати за оружје за Украина, тоа ќе биде европска помош, а не од некој друг

Каја Калас: Словачка го одложува усвојувањето на новиот пакет санкции против Русија

Милановиќ: Неправедно е да се каже дека Украина е поблиску до членство во ЕУ отколку Црна Гора или С. Македонија

А1он

Калас го повика Иран да ги продолжи нуклеарните преговори

Милановиќ: Израел е предводен од криминална клика, тие сакаат да го вовлечат светот во војна

Предраг Петровиќ