Падна првиот снег во Македонија во октомври. Управата за хидрометеролошки работи соопшти дека на Попова Шапка и на Солунска Глава има снежна покривка.
Утре и за време на викендот ќе биде стабилно и суво, а во текот на ноќта студено.
Утринските температури на места ќе се спуштат под нулата при што ќе има појава на приземен мраз. За утре се најавува минимална температура од минус три до шест и дневна од 12 до 18 степени.
Во Скопје времето ќе биде слично со утринска температура до еден и дневна до 14 степени.