Претставникот на Трамп тврди дека Зеленски прифатил да се одржат претседателски избори

Од:

Специјалниот пратеник на САД за руско-украинскиот конфликт, Стив Виткоф, даде интервју за контроверзниот десничарски новинар Такер Карлсон, во кое зборуваше за моменталната состојба на мировните преговори меѓу Русија и Украина.

Виткоф, меѓу другото, рече дека украинскиот претседател Володимир Зеленски се согласил да се одржат претседателски избори во оваа земја.
Сепак, треба да се каже дека Виткоф дополнително не ги разјасни деталите, ниту пак даде докази за ова тврдење.

Русија постојано го доведува во прашање изборниот легитимитет на Зеленски и се залага за одржување претседателски избори. Многу светски аналитичари сметаат дека тоа го прави затоа што најлесниот начин Русија да го постигне она што го сака во друга земја е мешање во изборниот процес, а не со воени средства.

Кремљ беше воодушевен кога американскиот претседател Доналд Трамп го усвои овој наратив и го нарече украинскиот лидер „диктатор без избори“ и затоа што одржувањето на изборите го ставија како услов за преговори за прекин на огнот.

Покрај наводното прифаќање на изборите од страна на Зеленски, Виткоф во интервју за Карлсон изјави и дека членството на Украина во НАТО е отстрането од преговорите на барање на американскиот претседател Доналд Трамп.

Сепак, Виткоф тврди дека Украина може да добие „безбедносни гаранции“ слични на оние содржани во познатиот член 5 од основачкиот документ на НАТО, кој им гарантира на сите земји-членки одбрана на целата алијанса доколку биде нападната.

Сепак, претставникот на Трамп нагласи дека тој е „отворен за дискусија“ и не гарантира дека ќе биде дел од конечниот договор.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во Полска стигна специјален авион кој го користи НАТО, ќе и помага и на Украина

Катерина Ѓуровски

САД отворија истрага против обвинителот кој ги водеше случите против Трамп

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Украински напад на Русија, има повредени, пожар во рафинерија, затворен аеродром

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Експлозија во нуклеарната централа во Запорожје

Украинскиот шеф на разузнавањето преживеал 20 атентати

ВИДЕО: Протести во Украина против насилната мобилизација

Предраг Петровиќ