Поевтинуваат дизел горивата и мазутот

Од:

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари за литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,29 отсто во споредба со претходната пресметка.

Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) е 68,5, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 68 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС – 95 и понатаму ќе се продава за 74,5, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 76,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,916 денари за килограм се намамува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 41,345 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,592 отсто и кај мазутот за 0,172 отсто, додека кај дизелот има намалување за 1,513, а кај екстра лесното масло за 1,550 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во споредба со претходната пресметка е понизок за 2,5506 отсто.

Би можело да ве интересира

Криза со горивото на Крим: Бензин се точи само четири часа дневно

Горан Наумовски

Нови цени на горивата

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

Дизелот надмина 100 денари

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски

Нови цени на горивата