Болницата во Демир Хисар во хорор состојба – за директорот од ЗНАМ условите се добри

Од:

Психијатриската болница во Демир Хисар со години се наоѓа во очајна состојба, каде најранливи пациенти се третираат во нечовечки услови, под секое човечко достоинство! Поставувањето на партиски кадри за задоволување на коалиционите договори на партијата на власт резултира до тоа секоја година ситуацијата да е се полоша.

Иако преку фотографии вработени во болницата алармираа за страшната состојба, за директорот од ЗНАМ – Жан Лозановски, условите биле подобрени. Но, информациите кои пристигнаа до Левица укажуваат дека откако кадар на ЗНАМ ја презеде болницата, состојбата продолжила да се влошува!

Имено, чистачите кои работат со години со договори на определено време, секоја година се во неизвесно дали ќе им се продолжи договорот. Токму оваа година, за прв пат вработените добиле плата со доцнење од еден месец. За ужасното менаџирање со болницата, вработените информираат дека откако е поставен новиот директор, ниту една машина за перење не е во функционална состојба и вработените се принудени да позајмуваат алишта од Црвен крст, велат од Левица.

Несовесноста и неспособноста на директорот Лозановски оди до таму да тој во изјава за медиумите, вели дека се потребни донации за функционирање на болницата?! Додека неговата влада троши милионски суми за набавка на егзотични овошја, власта не одделува средства за јавното здравство и дозволува пациенти да се третираат во крајно нехумани услови.

Додека за министерот Таравари приоритет се патувањата во САД – наместо санирање на јавното здравство – партиските кадри на ЗНАМ единствено се борат за директорски функции, додека ја замајуваат јавноста дека се некаков коректор на власта. На народот веќе му е јасно дека секоја влада е се полоша од претходната, а за нивната неспособност сведочи хоророт во државните болници, што резултира и со изгубени човечки животи, наведуваат од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Прикриената смрт на новороденчето на ГАК аларм за колапс на здравството

Горан Наумовски

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Левица: Ќе доставиме докази до ДКСК за Томовски и фирмата „Сити Аутсорсинг”

(ВИДЕО) Костовски: „Зимзоленд“ продолжува да работи и покрај утврдените неправилности и опасност по безбедноста

Левица: Ѓорѓиевски продолжува со скандалозни назначувања – партиски кадар со криминално досие на чело на Зоолошка

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ го изгласаа предавството на Македонија во Собранието

Горан Наумовски