(ВИДЕО) Објавенa новa военa мапa: Русите напредуваат во Курск

Од:

Анализата на Скај њуз, врз основа на картографски податоци и геолокацирани снимки, покажува дека руската армија ги потиснала украинските сили во близина на Суџа во областа Курск.

Во август 2024 година, украинските сили ја преминаа границата и ја започнаа најголемата офанзива на руска територија од Втората светска војна, заземајќи најмалку 1.000 квадратни километри. Последните карти од 4 и 10 март покажуваат дека Украинците изгубиле значителен дел од таа територија.

До средината на февруари, извештаите покажаа дека Русија вратила најмалку 800 квадратни километри. Руското Министерство за одбрана соопшти дека во изминатите неколку дена повторно се заземени повеќе од 100 квадратни километри и десетина населени места во регионот.

Геолокацирани снимки покажуваат руски знамиња во селата во близина на Суџа, вклучувајќи го и Замостје, кој се наоѓа на помалку од 1,5 километар од центарот на Суџа.

Суџа е поврзана преку автопат до Јунакивка во Сумиската област, веднаш преку украинската граница. Доколку руската војска ја преземе контролата врз оваа област, тоа би можело да ја загрози логистиката на украинската одбрана во регионот Суми, предупредуваат воените аналитичари.

Би можело да ве интересира

Зеленски побара од Трамп да удри со санкции по руско-кинескиот „Starlink“

Естонија: Руските напади не треба да се нарекуваат хибридни, туку терористички

А1он

ЕУ подготвува голем пресврт: Украина, Албанија, Молдавија и Црна Гора на списокот за забрзано членство, за останатите соработка во вселенската индустрија

Предраг Петровиќ

Русија предупреди: Секој напад на Калининград од Британија или НАТО ќе биде одвратен со сите средства, вклучително и нуклеарно оружје

Откриен планот на Трамп за Русија

Предраг Петровиќ

Русија тестираше ласер за неутрализирање на дронови

Предраг Петровиќ