Русите зазедоа големи упоришта на вооружените сили на Украина

Од:

Руските падобранци зазедоа големи упоришта на вооружените сили на Украина во областа на градот Часов Јар во Доњецката област, а во таа прилика беше уништена единица на непријателска пешадија и снајперисти, соопшти руското Министерство за одбрана.

Часов Јар игра важна улога поради неговата локација и неговото заземање ќе им овозможи на руските војници да ја продолжат офанзивата, која започна кон крајот на пролетта 2024 година во правец Славјанск-Краматорск, пренесува агенцијата РИА Новости.

Руските безбедносни служби објавија дека седумчлената единица на 66-та посебна механизирана бригада на вооружените сили на Украина организирано им се предала на руските сили во близина на Новољубовка во правец на Сватовск, соопшти агенцијата, истакнувајќи дека ја добила соодветната снимка.

Руското Министерство за одбрана објави и дека системи за противвоздушна одбрана во текот на ноќта уништиле 21 украински беспилотно летало над четири региони на Руската Федерација и Црното Море.

Би можело да ве интересира

Путин: Употребата на нуклеарното оружје е крајна мерка

ВИДЕО: Драматичен инцидент со руски ловци над Црното Море

Предраг Петровиќ

Русите ќе ја нападнат Украина од друг правец: „Mобилизираат 100.000 војници“

Путин: Односите меѓу Кина и Русија достигнаа неверојатно ниво

А1он

Зеленски: Одобрив нови операции на украинските сили против Русија

Радев: Време е за преговори со Русија за Украина