Собранието изгласа недоверба на членовите на Судски совет Црвенковска и Адеми, а претходно и на Дамева

Од:

Собранието попладнево во рамки на 40. седница изгласа недоверба на членовите на Судскиот совет Павлина Црвенковска и Селим Адеми, а претходно и на Весна Дамева.

Собранието гласа поединечни заклучоци според кои тие имале значителен придонес во загрозување на независноста, професионалноста и угледот на судството и придонеле за падот на довербата на граѓаните кон судството. Воедно, се наведува дека ја занемариле и не ја извршувале својата функција во работата на Советот, а поради изгласаната недоверба, го губат легитимитетот да учествуваат и одлучуваат во работата на Судскиот совет.

Павлина Црвенковска достави писмен одговор на интерпелацијата, но не ја образложи пред пратениците.

Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ зборуваше во името на предлагачите, нагласувајќи дека Судскиот совет станал полигон за партиски инсталации и алатка за заштита на криминалот на СДСМ и ДУИ.

– Нашата држава, нашите институции и пред сè нашите граѓани заслужуваат правосуден систем што ќе биде симбол на правдата, транспарентноста и владеењето на правото. Судскиот систем мора да функционира како независен столб на демократијата, ослободен од политички, економски и какви било други влијанија што би можеле да ја компромитираат неговата основна мисија заштита на правата на граѓаните и обезбедување правична и ефикасна правда. Наместо да биде инструмент во рацете на моќниците, судството мора да биде гарант на правниот поредок и силен браник против злоупотребите и корупцијата, рече Ковачки.

Според него, сведоци сме на долгогодишни системски слабости, судски скандали и институционални неправилности кои сериозно ја поткопуваат довербата на граѓаните во правосудниот систем.

– Наместо да се гради правна држава во која сите се еднакви пред законите се почесто гледаме дека одредени структури уживаат заштита од одговорност додека обичниот граѓанин се соочува со бавни, неефикасни и често неправедни судски процеси, рече Ковачки.

За Црвенковска рече дека во минатото била шеф на кабинетот на поранешниот премиер Владо Бучковски и дека таа била „длабоко вкоренета во партиските структури“.

– Ова значи дека нејзиното дејствување во Судски совет не е резултат на стручност или независност, туку на политички договори и долгогодишни релации со партијата што ја поставила на одговорна позиција, рече тој.

Во тек е расправа за интерпелацијата на членот на Судскиот совет Тања Чачарова-Илиевска, а потоа ќе се расправа и за интерпелацијата поднесена за Миљазим Мустафа.

На седницата не присуствуваат пратениците од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Две затворски казни од пет години и парична од 300.000 денари за фирма за предизвикан пожар над велешко езеро „Младост“ во август 2019

Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка

Мицкоски: Времето кога парите завршуваа во приватни џебови е минато, денес секој денар се гледа на терен, во нова улица, нов натпатник, продолжуваме да градиме

Повеќе од 20 пожари на отворен простор, кај Готен се дејствува со „пинц гауери“ и ер трактори

Професор Станковиќ : Потребна ни е поголема синергија меѓу универзитетите, стопанството и државната администрација.

Предраг Петровиќ

ГРОМ: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ одбија да гласаат за нова градинка, две спортски сали и реконструкција на улици – дури и кога проектите ги одобри нивната Влада