Нов руски напад во Украина, најмалку 20 загинати, меѓу повредените има и деца

Од:

Најмалку 20 лица загинаа, а десетици се ранети во руски напад врз неколку региони во Украина во текот на ноќта, соопштија украинските власти.

Меѓу повредените има и деца, а најмногу настрадаа Харков и Доњецк.

Нападот дојде откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека размислува за воведување широки санкции и царини за Русија, која „апсолутно ја „разбива“ Украина на бојното поле.

Трамп претходно ја суспендираше сета американска воена помош за Украина, што вклучува прекин на размената на разузнавачки информации.

Украина продолжи да цели на области во Русија, која пресретна 31 беспилотно летало во текот на претходната вечер, рече рускиот министер за одбрана.

Би можело да ве интересира

„Едниствен победник од војната во Иран е Русија“

Зеленски најави соработка со европските партнери за деблокирање на помошта за Украина

Руската одбрана собори 72 украински дронови

Семејства бараат враќање на повеќе од илјада Кенијци од војната во Украина

Песков: Меѓународното право повеќе не постои, заменето е со беззаконие

Горан Наумовски

Русите лансираа смртоносна нова ракета