ФОТО: Тони Блер пристигна во Скопје

Од:

Поранешниот премиер на Велика Британија Тони Блер денеска попладне пристигна во Скопје.

Во ВИП одделот на скопскиот аеродром, го пречека шефот на дипломатијата, Никола Попоски и британскиот амбасадор Кристофер Ивон.

Веднаш по слетувањето Блер замина на средба во Владата со премиерот Никола Груевски, пренесе Утрински Весник.

Според протоколот планирано е да се сретне и со претседателот Ѓорге Иванов, по што беше најавено е негово учество и обраќање на Сахара балканскиот мировен фестивал во новиот театар. Блер денеска доцна попладне треба заедно со премиерот Никола Груевски и со индискиот бизнисмен Субрата Рој да одржат говори на мировната конференција.

Според информациите на лондонски Телеграф со просечно околу 7.100 евра по минута, Блер, е најскапиот говорник во светот.

Сепак, од организацијата на Сахара груп, организаторите на фестивалот, убедуваат дека за овој говор Блер нема да добие пари, бидејќи тој доаѓал во Скопје поради почитта и личното пријателство со Субрата Рој.

Би можело да ве интересира

Прашината од песок од Сахара која падна во Франција, содржи радиоактивен елемент цезиум 137

Ана Ололовска

Алжир ја отфрли одлуката на Трамп, кој призна суверенитет на Мароко над Западна Сахара

Ана Ололовска

Куче херојски истрча 160 километри преку Сахара

Трамп предложил изградба на ѕид во Сахара за да се спречи илегалната миграција во Европа

Наум Локоски

ФОТО: Снег падна во пустината Сахара втора година по ред

Ана Ололовска

По 37 години падна снег во Сахара

Ана Ололовска