Светскиот рекордер и олимписки шампион, Јусенин Болт од Јамајка, ја предводи листата на кандидати за најдобар светски атлетичар за 2013 година, во избор на Меѓународната атлетска федерација.
Болт и годинава се закити со два златни медали, на 100 и 200 метри, на Мундијалот одржан во Москва. Главен конкурент на Болт годинава ќе му бидат Британецот, Мо Фарах, кој ги освои златните медали на 5 и 10 илјади метри.
Кај дамите, во најтесна конкуренција се три атлетичарки. Спринтерката Шели Ен Фрејзер од Јамајка, конкурентки ќе има во атлетичарките на долги патеки, Етиопјанките, Месерет Дефар и Тирунеш Дибаба.
Имињата на лауреатите ќе бидат објавени на свеченоста во Монте Карло закажана за 16. ноември.