Левица предлага зголемување на породилното остуство на 18 месеци

Од:

Портпаролот на политичката партија Левица и пратеник во Собранието, Амар Мециновиќ, денеска на прес – конференција информира дека пратеничката група на Левица поднела измени на Законот за работни односи со цел зголемување на породилното отсуство.

– Левица предлага зголемување на породилното отсуство на мајките од девет на осумнаесет месеци. Ова е една од мерките која нам ни е многу важна и е дел од нашата програма за која сметаме дека ќе наиде на слух кај владејачкото мнозинство ако земеме во предвид дека ВМРО-ДПМНЕ пред седум години предложи сличен закон, истакна Мециновиќ.

Целта на трите измени во ЗРО кои ги поднесуваат е подобрување на социјалната и економската заштита на мајките и семејствата во Република Македонија.

– Предлог-законот што го поднесуваме предвидува продолжување на платеното породилно отсуство од сегашните девет до петнаесет месеци, зависи од ситуацијата, на осумнаесет месеци непрекинато за било која можна ситуација. Без разлика дали е случај со едно дете, со повеќе деца или со посвојување, рече портпаролот на Левица.

Тој додаде дека ова има за цел да овозможи на мајките физичко закрепнување и градење здрава врска со нивните деца, без страв од финансиска несигурност или губење на работното место.

– Понатаму, можеме да ги издвоиме научните докази за важноста на првите месеци од животот, каде што истражувањата покажуваат дека долгото и квалитетно време поминато со родителот во животот е клучно за психофизичкиот развој на детето. Нашата држава треба да креира безбедни и оптимални услови за родителство. Во повеќето европски земји породилното и родителското отсуство се значително подолги, појасни Мециновиќ и додаде дека во сегашниот систем, многу родители, мајки, се принудени да се вратат на работа порано од што е препорачливо, поради финансиски причини.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мециновиќ: Пристапот до дом е врзан со долг – наместо дом за секого, Владата создава профит за малкумина

Левица: Ревизија на ЦСР, деца со попреченост заглавени во бирократија, милиони исплаќани без основ

Левица: Додека Алиу брои „продуктивност“ пациентите во Струга се оставени на милост и немилост – хирурзите излегоа на протест

Горан Наумовски

Левица: Премиерот Мицкоски аплаудира додека државните домови пропаѓаат, а приватниот бизнис профитира

Горан Наумовски

Левица: Директорот Апостоловски трета година по ред им ветува аква парк на скопјани

Левица: Со пари од граѓаните РКЕ го полни со кеш контото на ЕВН