Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

Од:

Пратениците од опозициските партии ПАСОК, СИРИЗА, Нова левица и Курс на слобода попладнево до Парламентот на Грција доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада поради железничката несреќа, а расправата ќе започне вечерва во 19 часот, додека гласањето ќе се одржи во петок.

Иницијативата е на ПАСОК, а лидерот Никос Андрулакис рече дека барањето е потпишано од 85 пратеници од четири пратенички групи, како и независни пратеници и се однесува на како што рече „Владата чии дела претставуваат споменик на криминалната неспособност за трагедијата кај Темпи, Владата потопена во ароганција и корупција и Владата која ги прекина врските со реалните потреби на општеството“.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис рече дека секој предлог за недоверба е добредојден, дека министрите ќе ги претстават нивните планови и амбиции за иднина, односно владината програма до 2027 година кога истекува мандатот.

Посочи дека во петок вечер, за време на гласањето „одново ќе се потврди она што се подразбира, апсолутната обединетост на пратеничката група на Нова демократија“ и повика расправата за недоверба на Владата да започне уште денеска, во 19 часот по локално време.

За да се изгласа предлогот на опозицијата, односно актуелната Влада да добие недоверба потребен е минимум 151 глас од вкупно 300 пратеници, а пратеничката група на владејачката Нова демократија има мнозинство од 156 места.

Во исто време со почетокот на расправата во Парламентот, пред Парламентот во центарот на Атина, ќе се одржи нов протест за железничката несреќа, а демонстрации ќе има и во други грчки градови.

Би можело да ве интересира

Опозициската коалиција ја јакне соработката со нов договор

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он

Живеат над 90 години и не знаат за деменција – жителите на грчки остров пијат чај секој ден

А1он

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

Брнабиќ: Србија е единствената земја во светот каде опозицијата не сака избори