Група пропалестински демонстранти упаднале во зградата на колеџот Барнард и наводно нападнале вработен, кој потоа бил хоспитализиран, соопшти колеџот.
Демонстрантите по предупредувањето ги напуштија просториите на колеџот, без дополнителни инциденти.
Според АП, демонстрантите носеле традиционални палестински кефии и извикувале „Барнард го финансира геноцидот“ и „Слобода за Палестина“.
Студентската група Колумбија Студенти за правда во Палестина соопшти дека демонстрантите се разотишле откако администрацијата на колеџот се согласила да се сретне со нив попладнево.
Според оваа група, демонстрантите побарале амнестија за сите студенти дисциплинирани за пропалестински протести, средба со управата на универзитетот и укинување на исфрлањето на двајца студенти, пренесува Танјуг.