Москва: Пресудата против Додик ќе има катастрофални последици за ситуацијата во Босна и Херцеговина и целиот регион

Од:

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека денешната пресуда на Судот на Босна и Херцеговина против претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик „ќе има катастрофални последици за ситуацијата во Босна и Херцеговина и целиот регион“.

„Ги предупредуваме странските учесници во постконфликтниот процес во Босна и Херцеговина, земјите од регионот и целата светска заедница: Доколку се донесе пресуда за вина, тогаш неизбежни се катастрофални последици за ситуацијата во Босна и Херцеговина и на Балканот во целина“, се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи, а пренесуваат сараевските медиуми.

Оттаму додаваат дека „обвинувањата против легитимно избраниот претседател на Република Српска, а всушност и против целиот српски народ, се засноваат на одредбите на псевдозаконот што беше произволно наметнат на суверена БиХ од самопрогласениот висок претставник Кристијан Шмит, јасно надвор од законската рамка“.

Руското министерство оцени дека судскиот процес, кој траеше година и половина, од самиот почеток не е ништо повеќе од „пародија на правдата и бесрамно исмејување на основите на владеењето на правото“.

„Прогонот на Милорад Додик е од чисто политичка природа, инспириран од Западот, кој преку рацете на своите марионети во правосудниот систем на Босна и Херцеговина, се надева дека ќе ги отстрани од политичката сцена патриотските сили на Република Српска кои се спротивставуваат на евроатлантскиот неоколонијализам“, се вели во руското соопштение.

Судот на БиХ денеска го осуди Додик на една година затвор затоа што не ги спроведе одлуките на високиот претставник во БиХ и му забрани да ја извршува функцијата претседател на Република Српска во рок од шест години, од денот на правосилноста на пресудата.

Пресудата е првостепена пресуда која може да се обжали. Конечната пресуда ќе ја донесе Апелацискиот совет на Судот на БиХ.

Би можело да ве интересира

Орбан: Политичкиот лов на вештерки против претседателот Милорад Додик

Вучиќ по средбата со Додик: Србија ќе даде се од себе да помогне да се зачува мирот

Горан Наумовски

Вучиќ: Видов солзи во очите на Додик, знам колку неправдата боли и угнетува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Вучиќ: Срамната е пресуда против Милорад Додик

Горан Наумовски

Дачиќ: Ова е најголемата криза од крајот на војната, Вучиќ оди во Бања Лука

Додик: Мојата пресуда и апсењето на Ѓорѓеску се дел од истата кампања

Горан Наумовски