Додик: Дејтон е урнат, останаа само урнатините

Од:

Претседателот на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД), Милорад Додик, синоќа изјави дека партијата ќе остане посветена на враќањето кон изворниот Дејтонски договор и заштитата на положбата на Република Српска, наведувајќи дека Судот и Обвинителството на БиХ не можат да останат во сегашната форма.

„Ни ја наметнуваат приказната дека сме рушители на Дејтон. Дејтон е урнат, од него нема ништо, останаа само урнатините што муслиманите во Сараево се обидуваат на различни начини да ги избегнат“, изјави Додик.

Тој додаде дека СНСД ќе остане посветен на враќањето кон изворниот Дејтонски договор и дека тоа е понуда до Бошњаците. Посочи дека СНСД постигнал голем изборен резултат и дека претстои избор на четири или пет нивни делегати во Домот на народите на Парламентарното собрание на БиХ.

„На сите ќе им понудиме поширока платформа. Кога велам пет делегати, мислам дека и опозицијата може да има некого што ќе работи таму, а не некого што ќе биде опозиција на овие четворица“, рече Додик.

Тој додаде дека е разумно да се формира тим што заеднички ќе работи на договорените политики во Домот на народите.

„Договорената политика е сè што е надвор од Уставот на БиХ да се стави на дневен ред за преговори, разговори и одлучување. Не сум против да остане некаква форма на суд, но овој Суд и Обвинителството на БиХ сигурно не можат да останат“, рече Додик, пренесува РТРС.

Тој наведе дека не е против единство на партиите од Република Српска на ниво на БиХ.

„Ние сме одговорна структура. Во Сараево треба да настапуваме заедно. Не сум против тоа, но политиките мора да се договорат. Нема бланко доверба. Политиките подразбираат апсолутна и неоспорна заштита на Република Српска. Треба да се отфрлат лагите и наративот дека европските интеграции го уриваат нашиот уставен статус“, рече Додик.

Тој додаде дека СНСД не сака европскиот пат на БиХ да биде антисрпски пат.

„Европа е во криза, внатрешните односи се никакви, земјите членки пропаѓаат, а лидерите во земјите членки на ЕУ речиси и не се снаоѓаат“, оцени Додик.

Додик истакна дека Бошњаците ја урнале надворешната политика на БиХ и дека тоа е клучно прашање за кое мора да се разговара.

Според него, Србите во Советот на министри ќе добијат четири министерски места, но сè уште е рано да се зборува за имињата.

Додик рече и дека Министерството за надворешни работи во Советот на министри не е најважно и дека, доколку Претседателството на БиХ ја води надворешната политика, како што е предвидено, тогаш министерот е сосема споредна работа.

Тој изјави дека не очекува брзо формирање на власта на ниво на БиХ и смета дека во Парламентарното собрание на БиХ е потребна поширока коалиција на партии од Република Српска. Најави и разговори со Хрватската демократска заедница (ХДЗ) на БиХ за формирање власт на државно ниво.

„Имавме партнерство што се докажа, со неколку помали отстапувања што се случија во еден момент, кога тие се обидоа нешто да направат со опозицијата, но тоа се сведе на еден состанок некаде во Купрес. И тоа е сè“, посочи Додик.

Тој наведе дека СНСД и ХДЗ на БиХ не се согласуваат за многу прашања.

„Имаме резерви кон тој европски пат, но рековме дека нема секојдневно да се караме поради работите за кои се разликуваме. Ајде да се обидеме нешто да направиме. Сакаме да направиме нешто“, истакна Додик.

Додик рече дека партиите од владејачката коалиција во Република Српска ќе имаат девет мандати во Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на БиХ и дека смета оти на тоа ниво е потребна поширока коалиција.

Тој наведе дека овој пат на изборите немало злоупотреба на технологијата, но дека е можно тоа да се случи следниот пат. Нагласи дека ќе бидат редефинирани изборниот закон и изборната комисија и дека идните договори ќе зависат од тоа.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху: „Му честитам на мојот голем пријател Милорад Додик“

Додик дал многу пари на луѓе на Трамп пред изборите, открива „Њујорк тајмс“

Додик прогласи убедлива победа на СНСД на сите нивоа

Предраг Петровиќ

Додик: Воените симболи немаат место во јавниот простор на Република Српска

(АУДИО) Остри зборови и тешки обвинувања меѓу Додик и Изетбеговиќ

А1он

Додик: Босна и Херцеговина е пропадната земја во која Србите не сакаат да живеат

А1он