(ВИДЕО) Се урна мост во Јужна Кореја, има загинати и повредени

Од:

Две лица загинаа, а седум се повредени при уривање на мост во градот Ансон, Јужна Кореја. Несреќата се случила на градилиште на автопат, пренесува Јонхап.

Во тек е спасувачка операција за уште едно лице, велат властите. До несреќата дошло кога неколку бетонски блокови паднале од височина врз десет работници кои биле под мостот.

Две лица загинаа, седум се повредени, а спасувачите се обидуваат да извлечат едно лице од под урнатините. Националната агенција за пожари соопшти дека ги мобилизирала пожарникарите во операцијата за потрага по исчезнатите во несреќата.

Вршителот на должноста претседател на Јужна Кореја Чои Санг-мок нареди сите расположливи ресурси и персонал да бидат насочени кон спасувачката операција.

Би можело да ве интересира

Јужнокорејскиот суд го осуди поранешниот претседател Јун на пет години затвор

Смртна казна за екс претседателот на Јужна Кореја, бара обвинителството

А1он

Јужна Кореја ја засилува стратегијата за вештачка интелигенција со инвестиција од пет милијарди евра

Седум лица се повредени во експлозија во воената база во Паџу

Горан Наумовски

Јужна Кореја: Поранешниот премиер обвинет за поттикнување воена состојба

Јужнокорејскиот претседател: Се плашев дека ќе завршам како Зеленски пред средбата со Трамп