Анкета: Рекорден број Американци се идентификуваат како ЛГБТК+

Од:

Процентот на возрасни Американци кои се идентификуваат како ЛГБТК+ се зголеми на 9,3 отсто од населението, според анкетата на Галуп објавена оваа недела. Според Си-Ен-Ен, во споредба со истражувањето на Галуп од 2023 година, уделот на луѓе кои се идентификуваат како ЛГБТК+ е зголемен за еден процентен поен, додека речиси двојно се зголемил од 2020 година.

Во првата анкета на Галуп во САД во 2012 година, 3,5 отсто од испитаниците се идентификувале како лезбејки, геј, бисексуалци или трансродови. Галуп истакна дека постојат разлики по пол, возраст, регионални разлики и разлики по политичка припадност.

Десет проценти од жените во споредба со шест проценти од мажите се идентификуваат како ЛГБТК+, а оваа разлика е уште поизразена кај помладите генерации – 31 отсто од жените во споредба со 12 отсто од мажите во генерацијата З и 18 отсто од жените во споредба со 9 отсто од мажите меѓу милениумците.

Резултатите се засноваат на телефонски интервјуа спроведени во 2024 година со повеќе од 14.100 возрасни лица во САД.

Од испитаниците, 85,7 отсто се изјасниле како хетеросексуалци, 5,2 отсто како бисексуалци, 2 отсто како хомосексуалци, 1,4 отсто како лезбејки и 1,3 отсто како трансродови.

Помалку од 1 процент се идентификуваат со друг ЛГБТК+ идентитет, како пансексуалност, асексуалност или квир идентитет.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Војската го уби Ел Менчо, најбараниот нарко-бос во Мексико, избувнаа немири

Откриен е идентитетот на убиениот на имотот на Трамп: Неговото семејство го прогласи за исчезнат во саботата

Земјотрес по земјотрес: 6,8, па 6,5 степени

Лидерката на германската десница: Мирот во Европа е можен само со Русија, Британците се виновни за крвопролевањето

Врховниот лидер на Иран очекува атентат, тој веќе го претставил својот наследник

Трамп тврди дека испратил брод во Гренланд; пристигна одговор од Данска