Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Од:

Италија има најстарото население во Европа, со просечна возраст во земјата од 48,7 години, објави денеска Евростат.

Во соопштението се наведува дека тоа е четири години повеќе од просечната возраст во Италија во периодот од 2014 до 2024 година.

Се забележува дека просечната возраст на населението во ЕУ е 44,7 години, што е за 2,2 години повеќе од 2014 година, пренесе АНСА.

Евростат наведува дека Ирска има најмлада популација во Европа, со просечна возраст од 39,4 години.

Се наведува дека стареење на населението е забележано во сите земји на ЕУ, со исклучок на Малта, каде просечната возраст на населението е намалена за 0,7 години и Германија, каде што е намалена за 0,1 година.

Стареењето на населението е поизразено во Грција, Италија, Португалија и Словачка со просечен пораст од четири години, додека просечната возраст во Кипар, Шпанија и Полска е зголемена за 3,8 години, објави Евростат.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Италија – мајка и ќерка починаа по бадникова вечера, таткото е во тешка состојба

А1он

Поддршка со задршка: Италија внимателна околу замрзнувањето на руските средства

Италијанците со најдолг животен век во ЕУ

А1он

Полицијата удри по мафијата: Десетици приведени во Палермо

Четиринаесет уапсени во борба против мафијата: Голема рација во Италија

Македонски државјанин крвнички си ја уби сопругата во Италија

Горан Наумовски