Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Од:

Медиумската управа во Газа одговори на тврдењата на израелските власти во врска со грешката во идентификацијата на телото на жената заложничка, која беше вратена во Израел.

Во извештајот се наведува дека телото било пронајдено измешано со други тела под урнатините на зградата која била уништена во израелските воздушни напади.

Официјалниот претставник на Хамас, Исмаил ал Тавабтех, тврди дека телото на Шира било „распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините“, повторувајќи го тврдењето дека Израел е одговорен за смртта на Шира Бибас и другите заложници, објави Тајмс оф Израел.

Според информациите од Газа, ова е само еден од многуте случаи кои ги илустрираат последиците од 15-месечното израелско бомбардирање, при што телата на многу од загинатите биле ставени во пластични кеси пред да бидат префрлени во болниците, пишува Ал Џезира.

Како што беше претходно објавено, телата на киднапираните Израелци Одед Лифшиц и браќата Ариел и Кфир Бибас беа идентификувани откако Хамас ги врати нивните тела во Израел, но израелската војска соопшти дека женското тело испратено од групата не е мајката на киднапираните момчиња, Шири Силберман Бибас.

Би можело да ве интересира

Израел не одобри распоредување на меѓународни сили во Газа

„Фокс њуз“: САД за сè беа известени однапред

Горан Наумовски

Палестински медиуми: Доселениците запалија земјиште и каменуваа жители на Западниот Брег

(ВИДЕО) Нова ескалација на Блискиот Исток: Израел нападна воен аеродром во Сирија

Кушнер и Нетанјаху четири часа разговараа за Газа, САД сакаат да го тестираат Хамас

Иран прогласи „воена и политичка победа“ над Израел и САД