Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Од:

Русија им наложи на своите пропагандисти да прогласат „победа“ во војната „против Украина и НАТО“ на 24 февруари, на третата годишнина од нејзината целосна инвазија, соопшти Украинската воена разузнавачка служба (ХУР), пишува Киев Индипендент.

Според разузнавачката служба, целта на Русија е да сее хаос меѓу Украинците, да се дестабилизира ситуацијата во земјата и да се дискредитира Украина меѓу своите сојузници. Тие, исто така, тврдат дека руските разузнавачки служби планираат да шират наратив дека „Украина е предадена“ од Западот и САД.

„Руската пропаганда, исто така, ќе продолжи да го доведува во прашање легитимитетот на претседателот Володимир Зеленски и корумпираните украински функционери кои ја крадат американската помош“, наведуваат тие.

ХУР наведува дека Кремљ може да ги искористи неодамнешните разговори меѓу САД и Русија во Саудиска Арабија за да ги наметне своите мировни услови на светот, обидувајќи се да ги прикаже владите во Европа кои го поддржуваат Киев како „непријатели на мирот“.

По средбата меѓу американската и руската делегација не беа донесени конкретни одлуки, но исклучувањето на Украина предизвика тревога во Киев и Европа.

Повторувајќи ги предупредувањата на ХУР, Службата за безбедност на Украина (СБУ) укажа на се поголем број случаи на руски информации и психолошки операции насочени против Украина. Користејќи бот фарми и лажни профили на социјалните мрежи, руските разузнавачки служби се обидуваат да го поделат украинското општество и да поттикнат нарушување на јавниот ред, објави СБУ.

Би можело да ве интересира

Реакција на рускиот предлог за средба со Зеленски: Путин продолжува да ги лаже сите, нуди неприфатливи предлози

А1он

Се пожали на руската ароганција: Зеленски најавува „асиметричен одговор“ кон Русија

Захарова „збесна“ после изјавата на Стуб за Русија: „Не знам како Финците сè уште го толерираат“

Апел на Трамп до ЕУ: Не купувајте руска нафта

Лавров ги кажа руските „црвени“ линии за мир во Украина

Мерц контра Урсула фон дер Лајен: „ЕУ не може да испрати војници во Украина“