Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот

Од:

Прекумерната помош за Украина се обезбедува врз основа на кражба на суверени фондови и на сметка на меѓународната развојна помош, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Лавров, на состанокот на Советот на министрите за надворешни работи на Г-20 во Јоханесбург, изјави дека помошта дадена на Украина на овој начин достигнала невидени размери, пренесе ТАСС.

По почетокот на рускиот напад врз Украина, Советот на Европската унија одобри резолуција со која се обезбедува правна основа за добивката од замрзнатите руски средства да се користат за воена помош за Украина, а во јуни минатата година, лидерите на Г7 се согласија да му дадат заем на Киев од 50 милијарди долари (47,7 милијарди евра), делумно финансиран од каматата на замрзнатите руски средства.

Лавров го привлече вниманието на особеностите на функционирањето на глобалниот финансиски систем.

„Минатата година на ноемврискиот самит на Г20 во Рио де Жанеиро беше наведена сумата на воените трошоци во светот – 2,4 трилиони долари“, рече Лавров.

Шефот на руската дипломатија, исто така, рече дека „под овие услови, пред се, благодарение на напорите на земјите од БРИКС и нивните партнери истомисленици, Г20 продолжува да го задржува статусот на корисна платформа за развој на различни нивоа на држави“.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Москва: Терористичките групи ширум светот се снабдуваат со западно оружје од Украина

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Трамп и понуди на Украина „подобрен“ нацрт-договор за минерални суровини